Top Sport

Раиконен: Откако си отидов од Ферари имам многу слободно време

Кими Раиконен вели дека зголеменото слободно време надвор од патеките оваа сезона му помогнало да ужива во Формула 1. Раиконен оваа сезона се врати во тимот во кој ја стартуваше кариерата, Заубер, кој сега се вика Алфа Ромео и вели дека обврските се многу помали од времето кога возеше за Ферари.

Ребрендираниот тим има солиден старт на сезоната, а Раиконен има освоено 13 поени, за разлика од неговиот колега Антонио Џовинаци, кој уште го чека првиот поен. Финецот беше постојан во борбата во средината и мисли дека нема голема разлика од борбата за врвот.

„Мислам дека возењето е исто како и претходно. Секако, ако возиш за победа е позабавно, но и тука има разлика од трка до трка. Надвор од болидот имам многу повеќе време и уживам во тоа. Атмосферата е прекрасна и задоволен сум. Би сакал да сме малку подобри, но среќен сум“, вели Раиконен.

Scroll to Top