Top Sport

Мартин на пол-позицијата, Квартараро четврти, Бањаја осми

Хорхе Мартин ќе стартува од пол-позицијата на последната трка во сезоната, Големата награда на Валенсија. Возачот на Прамак Дукати деветти пат во кариерата ќе стратува прв во најсилната класа. Актуелниот светски првак, Фабио Квартараро, квалификациите на четвртото место, додека лидерот во генералниот пласман, Пеко Бањаја ќе стартува од осмата позиција.

Мартин со време 1:29.621 минути ја освои пол-позицијата. Од првиот ред траката покрај Мартин ќе ја започнат Марк Маркез и Џек Милер.

Покрај Квартараро во вториот ред се Алекс Ринс и неговиот поранешен колега Маверик Вињалес.

Седми е Бред Биндер, па следуваат Бањаја, Жоан Зарко, Алеиш Еспаргаро, Лука Марини и Џоан Мир.

Scroll to Top