Top Sport

Зидан ќе биде селектор на Франција

Зинедин Зидан ќе стане селектор на фудбалска репрезентација на Франција. Поранешниот тренер на Реал ќе ги преземе триколорите по Светското првенство во Катар.

Долго време се шпекулираше дека францускиот селектор Дидие Дешамп ќе го напушти националниот тим по Мундијалот, а како што пренесуваат светските медиуми таа работа сега е сигурна.

Се наведува дека се е договорено, и дека Зизу ќе седне на француската клупа без разлика што ќе прави репрезентацијата на претстојниот Мундијал.

Договорот ќе биде официјализиран во јануари 2023 година, кога и ќе бидат познати деталите за соработката.

Scroll to Top