Top Sport

Маса: Строл е во Ф1 само поради парите

Откако канадскиот возач на Вилијамс, Ленс Строл изјави дека лани не научил ништо од Фелипе Маса, бразилскиот ветеран се налути и врати со изјава дека Строл е во Ф1 само поради милионите на неговиот татко и дека самиот Маса никогаш не направил нешто повеќе за клупски колега.

Коментарот на Строл беше направен уште на стартот на сезоната и се однесуваше на минатата сезона, последна во кариерата на Маса, кој беше повикан од Вилијамс да помогне во развојот на младиот Канаѓанец.

„Направив толку многу за тоа момче. Го познавав од неговата седма година и се вратив уште една сезона во Ф1 да му помогнам. Го научив на ситуацијата во болидот, на користењето на гуми и имав добро чувство за него. Јас бев толку години во Ф1 и никогаш не видов некој возач да дава поддршка на друг така. Дури и мојот ментор, големиот Михаел Шумахер не направи толку за мене, колку што направив јас за Ленс“, вели Бразилецот.

Вилијамс оваа сезона возат со Строл, чиј татко неодамна го „спаси“ тимот на Форс Индија (и најверојатно ќе заврши таму) и Русинот Сергеј Сироткин, уште еден возач кој со себе носи огромни спонзори, откако англискиот тим реши да не му даде шанса на полскиот ветеран Роберт Кубица, оставајќи го како трет возач.

„Сега, Вилијамс имаат два возачи кои се таму само поради своите пари. Во Вилијамс веќе не ги бараат најдобрите возачи, туку само тие со пари“, признава Маса.

Scroll to Top