Top Sport

Перковиќ: Зошто да не навивам за Србите?

Светската и олимписка шампионка во фрлање диск, Сандра Перковиќ вели дека не сфаќа зошто е проблем да се навива за Србија и српските атлетичари на ЕП во Берлин.

Перковиќ е многу добра пријателка со српската натпреварувачка во скокање во далечина, Ивана Шпановиќ и во интервју за српски „Новости“ вели дека на големите натпреварувања секогаш навива за соседите.

„Кога ќе им кажувам на Американците шеги од Хрватска, тие ме гледаат бледо. Кога ќе зборувам со наш човек тој одговара: ’И мојата мајка прави исто’. Израснавме во иста средина, не мачеа исти проблеми, ги имаме истите навики. Не сме иста земја, јас настапувам за Хрватска, Ивана за Србија, но стопати подобро се разбирам со неа отколку со некоја Англичанка“, вели Перковиќ.

Таа додава дека не сфаќа зошто би било проблем хрватските и српските спортисти да се поддржуваат, откако имаше таков случај со хрватската фудбалска репрезентација и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Мислам каков ужас, Србите навиваат за Хрватите и обратно! Одлично ако тоа не му се допаѓа на некој. Двете држави се таму каде што се бидејќи на некои политичари тоа не им се допаѓаше. Спротот не знае за граници и нормално е ние да навиваме за Ноле, тие за ’ватрените’, ние за вашата Ивана, Милица, вие за нашите ’баракуди’. Чест е да се настапува за својата држава и да го правиш добро. Знам колку се сите среќни кога ќе победам. Прашајте ја и Ивана. Со кого ќе славиш ако не со своите“, додава Перковиќ.

Scroll to Top