Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач и дека секој ден се моли за него.
Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во француските Алпи на 29 декември 2013 година. Од пред две години тој се лекува во својот дом во Женева меѓутоа јавноста не знае ништо за неговата здравствена состојба.
„Знам во каква состојба се наоѓа. Ги имам сите информации. Секогаш бев близок со него“, рекол Маса.
„Со неговата сопруга Корина не се дружев кога доаѓаше на трките. Мораме да знаеме дека оваа ситуација не е воопшто лесна. Мораме да го почитуваме семејството, ако тие не сакаат да објавуваат информации во јавноста, кој сум јас да го направам тоа“.