Претставниците на рускиот Ф1 возач, Никита Мазепин ги демантираа вестите дека 22-годишниот тркач на Хас бил исфрлен од ноќен клуб во Мексико по расправија со обезбедувањето на објектот.
На социјалните мрежи се појави видео во кое Мазепин е во расправија на забавата, а „Мундо депортиво“ јави дека поради „непознати причини“ контроверзниот син на рускиот милијардер бил исфрлен од клубот.
„Ако го погледнете видеото, јасно се гледа дека никој не е исфрлен од клубот, туку е нешто спротивно. Никита имаше резервирано место од домаќините Ред бул, и го поканија на забавата. Проблемот беше што кога Никита беше во клубот, дел од членовите на тимот не добија дозвола да влезат од страна на обезбедувањето. Никита разговараше со луѓето од обезбедувањето и немаше проблеми. Забавата продолжи часови по снимањето на тоа видео“, изјави агентот на Мазепин за „ТАСС“.
Мазепин, покрај слабата сезона со Хас, беше на удар на критичарите кои сметаат дека тој е во Ф1 само бидејќи неговиот татко, милијардерот кој парите ги направи во хемиската индустрија, Дмитриј Мазепин е голем спонзор за американскиот тим. Шпекулациите велат дека постариот Мазепин планира формирање на сопствен Ф1 тим.
Nikita Mazepin was escorted out of a nightclub in mexico pic.twitter.com/2qP1eWict1
— RaikkonenFan2003 (@RaikkonenFan201) November 9, 2021