Top Sport

Саудијците пак во „игра“ за Интер по кинеската криза со „Евергранде“

Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ), компанијата која неодамна стана сопственик на премиерлигашот Њукасл, повторно преговара за преземање на Интер, откако колапсот на кинеската градежна компанија „Евергранде“ ги постави газдите на италијанскиот клуб во незгодна финансиска ситуација.

ПИФ и минатата година покажаа интерес за клубот, а италијанските медиуми тврдат дека имало летен обид за преземање на Интер, кој пропаднал поради превисоката цена која ја барале кинеските газди, по што го преземаа Њукасл за 305 милиони фунти.

Според „Медијасет“, ПИФ и газдите на Интер продолжиле со преговорите пред неколку дена, откако „Евергранде“ потврди дека нема да ги исплати своите кредитори, а „Сунинг“ имаат голем број на бизнис-врски со оваа компанија.

На крајот, многу работи ќе зависат од одлуката на Комунистичката партија на Кина, која утре ќе одлучува дали ќе ги спаси „Евергранде“ или ќе дозволи „контролирано уништување“ на компанијата. Многу економски експерти предвидуваат и глобална економска криза ако ситуацијата излезе од контрола.

Scroll to Top