Top Sport

Медиумските шпекулации го налутија Карлос Саинц

Возачот на Ферари, Карлос Саинц изјави дека се налутил кога слушнал шпекулации за негово заминување од славниот италијански тим и преселба во Ауди. Тимот на Ауди ќе учествува во Формула 1 шампионатот преку Заубер од 2026 година.

„Не ги разбирам приказните за тоа што може да се случи во 2026 година, кога немам договор ниту за 2025 година. Ме лути кога се појавуваат непотврдени и измислени гласини. Имам намера да останам во Ферари многу години”, изјави Саинц.

Саинц се пресели во Ферари во 2021 година, со тимот има договор до крајот на сезоната 2024.

Во текот на кариерата помина низ системот на Ред Бул, а од 2015 година возише за Торо Росо. По три сезони, тој се пресели во Рено, каде што помина две сезони, кога беше заменет со Даниел Рикиардо.

На Саинц потоа му беше понудено место во Мекларен, за кое возеше две сезони пред да се пресели во Ферари.

Ауди ќе биде во Формула 1 преку Заубер од 2026 година и веќе почна да размислува кои возачи може да ги ангажира.

Медиумите во Швајцарија објавија дека прв кандидат е Саинс.

Сега Валтери Ботас и Гуанјуе Жу возат за тимот на Заубер, кој се вика Алфа Ромео.

Scroll to Top