Top Sport

Вардарци подобри од Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Вардар стигнаа до нов триумф во плеј-офот откако славеа против Еурофарм Пелистер 2 со 25:22. „Црвено-црните“ во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на гостите.

Вардар на полувреме имаше еден гол предност (13:12), но на стартот на вториот дел направи серија, поведе со 17:13 и ја одржуваше разликата до крајот на мечот.

Филип Талески со седум постигнати гола беше најефикасен во тимот на Вардар, а пет погодоци постигна Гоце Георгиевски.

Scroll to Top