Top Sport

Мекларен ги потврдија Саинс и Норис за 2020

Мекларен потврдија дека Карлос Саинс Јуниор и Лендо Норис остануваат нивни возачи и следната сезона, по ветувачката прва половина на сезоната на повеќекратниот Ф1 шампион.

Мекларен на стартот на оваа сезона го смени возачкиот состав и Саинс Јуниор и Норис дојдоа на местото на Фернандо Алонсо и Штофел Фандорне, и во тимот сметаат дека заддржувањето на составот придонесува на планот за враќање на конкурентноста.

„Пресреќен сум што можеме да го соопштиме нашиот состав за 2020 толку рано, пред домашната трка на тимот во Силверстоун. Карлос и Ландо покажуваат дека се многу талентирани возачи кои се интегрални во нашиот план за иднината. Двајцата го вратија позитивниот момент и моралот во тимот, на патеката и во фабриката. Приемот од нашите фанови е прекрасен. Одиме бестрашно напред“, изјави шефот на тимот, Зек Браун.

Scroll to Top