Мекларен ја открија шасијата со која Фернандо Алонсо ќе ја лови „тројната круна“ на мотоспортот на Индијанаполис 500 следниот месец.
Поранешниот двократен Ф1 шампион, кој си замина од спортот на крајот на сезоната, ќе го вози болидот со број 66 на „цигларата“ во Индијанаполис во обид да го повтори единствениот успех на Греем Хил – да победи на трите најелитни трки на светот – Монако ГП трката, 24 часа Ле Ман и Инди 500.
Како што се очекуваше, Алонсо ќе биде во болид обоен со папаја и сино и со бројот 66, во чест на првата победа на Мекларен на славната американска трка со Марк Донахју во 1972 година.
„Ова е почеток на нова фаза во нашата програма и резултат на напорната работа на нашите специјалисти во ’Мекларен технолоџи центарот’. Едвај чекаме болидот да го видиме на патека на 24 април“, вели шефот на Мекларен, Зек Браун.