Top Sport

Мекларен го потврдија Рикардо за наредната сезона

Домино ефект предизвика објавата на Ферари дека Себастијан Фетел нема да добие нов договор. Италијанскиот тим во четвртокот објави дека од наредната сезона партнер на Шарл Леклер ќе му биде Карлос Саинс јуниор, а местото на Шпанецот во Мекларен ќе го заземе Даниел Рикардо.

Австралиецот минатите две сезони ги мина во Рено каде не се прослави. Рикардо со Мекларен договорил соработка за сезоната 2021.

„Трансферот на Даниел за нас претставува чекор напред во долгорочните планови. Ќе влеземе во нова возбудлива димензија во тимот во кој веќе е Ландо Норис. Сакам да му се заблагодарам на Карлос Саинс за одличната работа што ја заврши во Мекларен и што помогна во „закрепнувањето“ на тимот. Тој е тимски возач, му посакувам се најубаво“, рекол директорот на Мекларен Зек Браун.

Рикардо во Формула 1 е од 2011 година, возел за Хиспанија рејсинг, Торо Росо и Ред Бул. Како возач на Ред Бул два пати бил трет во генералниот пласман.

Scroll to Top