Болидите на Мекларен ќе имаат нов дизајн на трките во Формула 1 во Сингапур и Јапонија.
Причина за тоа е враќањето на овие две патеки во календарот по три годишна пауза. Трките во Марина Беј и Сузука беа откажани во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирус.
Британскиот тим заедно со партнерските компании направи нов надворешен изглед на моделот „MCL36“, кој ќе го возат Ландо Норис и Даниел Рикардо.
Според претставникот на Мекларен, „новиот модел е комбинација на нови технологии од регионот, а изгледот е инспириран од панорамата на Сингапур и Јапонија“.
Следната трка во Формула 1 е во Сингапур на 2 октомври.
FROM. EVERY. ANGLE. ? @OKX #FutureMode pic.twitter.com/E0csQ1Unb9
— McLaren (@McLarenF1) September 27, 2022