Четирикратните Формула 1 шампиони, Мерцедес, ќе го претстават својот нов болид В09 во Силверстоун, на 22 февруари, истиот ден кога во Маранело, Ферари ќе ја покажат својата машина. Тестирањето во Барселона почнува на патеката „Каталуња“ покрај Барселона на 26 февруари.
Од Мерцедес потврдија дека ќе се обидат распоредот на презентации да не се „судри“.
„И ние блиску ќе ги следиме настаните од Италија“, објави тимот.
Мекларен пак, својата презентација, прва на болид со мотор на Рено ќе ја имаат на 23 февруари, додека Торо росо, новиот партнер на Хонда, ќе има кратка презентација на патеката во Барселона на 25 февруари.
Save the date… #W09Countdown pic.twitter.com/fxiOIfCYj8
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) January 18, 2018