Top Sport

Мерцедес го претстави болидот за новата Ф1 сезона

Во Силверстон, Мерцедес официјално го претстави својот болид за новата сезона.

Болидот W14 е голема надеж на Мерцедес дека ќе може да се бори со најдобрите тимови во Формула 1 и да освојува титули.

Мерцедес се врати на црната боја, која ги украсуваше болидите во 2020 и 2021 година, за разлика од претходните две години во кои автомобилот беше сребрен.

Возачите Луис Хамилтон и Џорџ Расел, заедно со резервниот возач Мик Шумахер, беа со тимскиот шеф Тото Волф на презентацијата на новиот болид.

„Се надеваме и очекуваме борба за титулата. Нашите ривали беа силни минатата сезона, а ние се обидуваме да ги стигнеме. Трките бараат сила, одлучност и тимска работа. Оваа година даваме се од себе за да се вратиме на врвот“, изјави Волф.

Мерцедес денеска ќе го тестира новиот болид на патеката Силверстон пред официјалните претсезонски тестирања во Бахреин, кои се закажани за 23-25 ​​февруари.

Седум дена потоа на истата патека стартува првата трка сезонава.

Scroll to Top