Првиот човек на Дајмлер, Ола Калениус вели дека постојат одредени услови за шампионот Мерцедес да продолжи да учествува во Формула 1 шампионатот.
Актуелните шесткратни шампиони Мерцедес сигурно нема да се повлечат од Ф1 на крајот на оваа сезона, но продолжуваат преговорите за продолжено учество од 2021 година. Калениус вели дека пред да се потпише било каков договор, нема гаранција дека Мерцедес ќе остане во спортот, иако тој останува „атрактивна можност“ за нас.
„Како што знаете, продолжуваат преговорите за рамката за нов Ф1 договор за иднина. За нас е важно спортот да биде еколошки подготвен, но и финансиски оддржлив. Засега, Ф1 останува атрактивна арена за нас“, вели Калениус за магазинот „Аутокар“.
Оваа изјава доаѓа по шпекулациите дека шефот на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф е во преговори да го преземе тимот на Астон Мартин од следната година.