Top Sport

Мерцедес ќе возат црни болиди како дел од кампањата против расизмот

Формула 1 шампионите Мерцедес го објавија новиот изглед на нивниот болид за 2020, кој ќе биде обоен во црна боја како дел од ветувањето на тимот да ја подобрат разновидноста во нивниот тим во спортот.

Тимот објави дека новиот изглед е „ветување да се подобри разновидноста и сигнал на посветеноста на тимот во борба против расизмот и дискриминацијата во сите форми“. Ова е драстична промена на препознатливата сребрена боја на „Сребрената стрела“, кои се на болидот од враќањето во спортот во 2010 година.

Новиот болид ќе дебитира овој викенд на Австриското ГП на 5 јули.

„Протестите на движењето ’Black Lives Matter’последните пет месеци фрлија светло на потребата на нови мерки во борбата против расизмот и дискриминацијата. Последните неколку недели ја слушнавме перспективата на нашите членови, за да поставиме план кон иднината“, се вели во соопштението на тимот.

Мерцедес потврдија дека само 3 отсто од нивните работници се идентификуваат како членови на етничко малцинство, и само 12 отсто се жени. Луис Хамилтон, првиот црн светски шампион го пофали својот тим.

„Важно е да го искористиме овој момент и да се едуцираме како индивидуи, брендови и компании кои сакаат вистинска промена за еднаквост и разновидност. Јас лично искусив расизам во мојот живот и зборувам од срце кога барам промени“, вели Хамилтон.

Scroll to Top