Top Sport

Пипо Инзаги и Беневенто вечерва може да влезат во историјата

Беневенто може да го потврдат своето влегување во Серија А со победа над Јуве Стабија вечерва, а со три поени, тимот предводен од Филипо Инзаги може да сруши италијански рекорд стар 42 години.

Популарните „стрегони“ доминираа во италијанската втора лига оваа сезона и имаат 22 поени предност пред Кротоне и 23 поени пред третопласираниот тим на Специја со само 24 поени за освојување. Со потврда на влегувањето во елитата, Беневенто ќе го израмни рекордот на Асколи, кој во сезоната 1977/78 обезбеди влегување во прва лига на седум кола пред крајот во системот со два-поени-за-победа.

Градоначалникот на Беневенто, Клементе Мастела призна дека е загрижен од можната прослава, барајќи навивачите да прославуваат на балконите.

„Сите сме сигурни дека се враќаме во Серија А и би сакал сите да прославуваат со малку петарди, но да се сопре тука. Нема да се собираме, бидејќи вирусот е активен и уште не сме далеку од него“, вели Мастела.

Scroll to Top