Top Sport

Мерцедес нема да „фрлаат пари“на Хамилтон, но Ферари ќе го направат тоа

Мерцедес нема да се подготвени да ги исплатат 55-те милиони евра по сезона кои ги бара Луис Хамилтон за продолжување на договорот, но Ферари се подготвени на тоа и на многу повеќе, вели советникот на Ред бул, Хелмут Марко.

Хамилтон бил блиску до потпишување на нов двегодишен договор со Мерцедес на почетокот на јануари, но ситуацијата се сменила кога Макс Ферстапен потпиша долгогодишен договор со Ред бул, и сега повеќе медиуми објавија дека шесткратниот Ф1 шампион бара четиригодишен договор со Мерцедес со 55 милиони евра по сезона и амбасадорска улога по крајот на кариерата.

Мерцедес ги очекува клучен состанок на бордот на Дајмлер кој може да донесе дури и повлекување од спортот и Марко вели дека Мерцедес нема шанси да го прифатат тоа, за разлика од Ферари.

„Мислам дека ниту еден тим, дури ниту Мерцедес, не е подготвен да троши такви суми на возач. Освен, Ферари, секако“, вели Марко за „Ауто билд“.

Австриецот признава дека Хамилтон има право да бара покачување на платата поради шесте титули и 84-те победи во кариерата и важен е за Мерцедес. Мислам дека е свесен за својата вредност и затоа го бара тоа“, вели Марко.

Хамилтон бара покачување на платата на 55 милиони евра!

Scroll to Top