Top Sport

Ериксен: Секоја чест на Тотенхем, но сакав нешто ново

Кристијан Ериксен вели дека главната мотивација за заминување од Тотенхем во Интер била да се „обиде со нешто ново“ по шест и пол години во северен Лондон.

Ериксен дојде во Тотенхем од Ајакс во 2013 година и стана еден од клучните фудбалери во составот, добивајќи репутација на одличен плејмејкер кого подолго време го следеа и Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Тој уште лани одби да потпише нов договор со англискиот клуб и во вторникот го комплетираше трансферот од 20 милиони евра и сега со писмо се прости со навивачите на Тотенхем.

„Драги навивачи на Тотенхем, не знам каде да почнам! Немав време да ви кажам збогум, иако одиграв многу натпревари во кои сите велеа дека ќе си одам следниот ден. Имам толку многу неверојатни спомени од последните шест и пол години и уживав во играњето, но понекогаш сакате да се обидете со нешто ново. Беше задоволство да се настапува за клубот и се надевам дека ќе се сретнеме во иднина“, вели Ериксен.

Тотенхем веднаш најдоа замена за него – прво го официјализираа постојаниот трансфер на Џовани Ло Селсо од Реал Бетис, пред денеска да го потврдат доаѓањето на Холанѓанецот Стивен Бергвајн од ПСВ Ајндховен.

Scroll to Top