Top Sport

Мерцедес покажaа заби во Шпанија – Хамилтон пред Ботас, Ферстапен само деветти

Ако минатата трка во Португалија не беше доволен показател, Мерцедес уште еднаш покажа дека ќе биде многу тешко да се симне од тронот оваа сезона, откако Луис Хамилтон постави најдобро време на вториот тренинг пред Шпанското ГП, пред својот колега Валтери Ботас (кој беше прв во првата сесија), додека главниот ривал, Макс Ферстапен во Ред бул беше само на деветтото место.

Хамилтон постави најдобар круг од 1:18.170, за 0.139 секунди побрз од Ботас, по што неочекувано на третото место беше Шарл Леклер во Ферари со 0.165 секунди заостанување. Во топ 5 беа и двајцата возачи на Алпине, Естебан Окон и Фернандо Алонсо.

Во топ 10 беа и Пјер Гасли (Алфа Таури), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Карлос Саинс Јуниор (Ферари), по што следуваа двајцата возачи на Ред бул, Ферстапен и Серхио Перез.

Scroll to Top