Top Sport

Вернер одговори на сопругата на Силва: Важно е нашите жени да се среќни!

Тимо Вернер, конечно, проговори околу критиките кои ги доби од Изабеле Силва, сопругата на соиграчот Тијаго Силва по пласманот во финалето на Лигата на шампионите со победата од 2:0 над Реал Мадрид во која Германецот имаше своја улога со еден гол.

Изабеле Силва по 1:1 ремито во Мадрид во кое Вернер пропушти неколку стоотстотни шанси изјави дека „овој Вернер, како му е името, само промашува“. Меѓутоа, веднаш откако Вернер постигна гол во реваншот таа се јави со порака дека го „сака Тимо“.

„Понекогаш емоциите го прават своето. Тијаго следниот ден дојде и ми се извини и ситуацијата беше готова. Среќен сум не само за неа, туку за сите сопруги на моите соиграчи. Се надевам дека јас, или некој друг, ќе ги натера да навиваат повторно. Најважно е жените да се среќни, секако, и нашите навивачи“, вели 25-годишниот Вернер.

Вернер има 12 гола и 13 асистенции во 47 меча за Челси, но помина период во кој 14 меча во Премиер лигата немаше постигнато гол.

Сопругата на Тијаго Силва сега го „сака“ Тимо Вернер!

Scroll to Top