Top Sport

Мерцедес признаа дека „претерале“ во Баку

Мерцедес признаваат дека со експерименталниот сет-ап за Азербејџанското ГП во обид да се надминат проблемите со „потскокнувањето“ на патеката ги поставиле сопствените возачи во „значително неудобна положба“.

Трките во Монако и Баку ги вратија проблемите на Мерцедес, а по трката во Азербејџан, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон едвај излезе од болидот поради големи болки во грбот предизвикани од неудобноста во болидот. Во извештајот по трката, главниот стратег на тимот, Џејмс Воулс призна дека малку „претерале“.

„Презадоволен сум што можам да потврдам дека Луис беше во Брекли и дека е океј и ќе се врати во болиот во Монтреал. Тој е елитен спортист кој има издржливост да биде со часови во Ф1 болидот и тоа го прави исклучителен. Во оваа прилика го ‘туркавме’ дизајнот премногу. Ги поставивме нашите возачи во значително неудобна положба и тоа нема да го повториме. Во болидот работите не се сменија, но тој доби доста удари во грбот и тоа му беше главен проблем. Имаме одговорност тоа да не го направиме повторно“, веи Воулс.

Scroll to Top