Top Sport

Рафа и Чиска го очекуваат своето прво дете?

Шпанскиот магазин „Хола“ тврди дека сопругата на Рафаел Надал, Чиска Перело е бремена со нивното прво дете, објавувајќи фотографија од нивниот одмор по 14. титула од Ролан Гарос.

Шпанските медиуми почнаа со шпекулациите откако освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, објави фотографија од неговиот летен одмор со неколку пријатели, во кои невообичаено, Чиска беше во широка облека.

Рафа и Чиска се во врска неверојатни 17 години, а стапија во брак во 2019 година и честопати успеваа својата врска да ја држат далеку од страниците на шпанските таблоиди. Чиска исто така е претседател на Фондацијата „Рафаел Надал“, а не е често ниту на турнирите на кои тој настапува.

„Кога игра тенис, потребен му е простор, така што самата помисла да бидам таму и да чекам на него ме уморува мене. Не сакам да се грижи за мене“, изјави пред неколку месеци Чиска.

Надал, пак, никогаш не криел дека сака да има деца, иако повеќе патаи изјавуваше дека за тоа да се случи прво сака да ја заврши својата кариера.

„Секако, имаме намера и надеж дека ќе формираме семејство. Ги сакам децата и би ги оставил моите деца да прават што сакаат со животот, тенисот не е задолжителен“, изјави во 2020, Надал.

Scroll to Top