Top Sport

Тролањето на австралискиот голман стана легендарно

Австралискиот голман Ендру Редмејн е најзаслужниот што „сокерус“ ќе играат на Светското првенство во Катар оваа зима, откако ги победија Перу на пенали во Катар во претпоследниот квалификациски меч, во кој Редмејн не само што танцуваше на гол-линијата, туку успеа да му го наруши планот на неговиот перуански ривал, Педро Галјесе.

Кога двете репрезентации во понеделникот се подготвуваа за пенал-серијата, Редмејн го најде шишето со вода на Галјесе, на кое беа запишани детали за австралиските изведувачи на пенали, и му го фрли на страна.

Scroll to Top