Top Sport

Мерцедес во доминантна форма и во Монако

Мерцедес продолжија со својата суверена доминација во Формула 1 и на тренинзите пред Монако ГП трката овој викенд, откако Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа над седум десетинки од секундата побрзи од ривалите во четвртокот.

На Хамилтон  Ф1 му дозволи да биде ослободен од обврските за појавување пред медиумите по смртта на не-извршниот директор на Мерцедес, трикратниот Ф1 шампион Ники Лауда. Ова не го спречи во боксот да добие посета од Кристијано Роналдо.

Себастијан Фетел се обиде да ги „симне“ Мерцедес од тронот, но Ферари остана далеку на третото место, додека Пјер Гасли со Ред бул изненади со четврто најдобро време, откако проблемите со болидот на неговиот колега Макс Ферстапен го заддржаа во боксот поголем дел од сесијата.

Шарл Леклер, кој се обидува да стане првиот возач од Монако кој бил на подиумот на домашната трка по Луј Широн во 1950, во првата Ф1 сезона, беше само десетти во второто Ферари.

Scroll to Top