Top Sport

Џиро: Бенедети со херојска победа, Поланц е нов лидер

Италијанецот Чезаре Бенедети го победи сонародникот Дамјано Карузо и Ирецот Еди Данбар во трилер-спринтерска битка за победа на 12. етапа на Џиро Д’Италија, додека Словенецот Јан Поланц го презеде водството во генерален пласман пред клупскиот колега Валерио Конти.

За 31-годишниот Бенедети (Бора-Хансгрое) ова е прва професионална победа и доаѓа на емотивно место – на Пинероло, на крајот на етапата која е посветена на легендата Фаусто Копи. Бенедети се најде во групата од 25 велосипедисти која се одвои на првиот вистински планински тест на трката, пред да се одвои и да стигне до својата прва победа во кариерата.

„Секогаш работам за другите на Џирото и денеска ја добив мојата голема шанса. Не сум талент, не сум победник и ќе бев задоволен со добар пласман“, вели Бенедети.

Шестото место на етапата го освои Словенецот Поланц (УАЕ Тим Емирати) за да стане нов носител на „маља роса“ преземајќи ја од колегата Валерио Конти, кој заостана повеќе од 10 минути. Поланц сега има 4:07 предност пред својот сонародник и прв фаворит за победата, Примож Роглич (Џамбо-Висма), а Конти е трет со 4:51 послабо време. Утре велосипедистите ги чека пекол на Алпите.

Scroll to Top