Top Sport

Џеко и Коларов ја предводат трансфер листата во Рома

Иако до крајот на сезоната во Серија А има уште девет кола, а Рома и покрај лошата форма има шанси да стигне до четвртото место на табелата, челниците на „волчицата“ се подготвуваат за летниот преоден рок.

Рома не ги исполни плановите, натпреварите во Лигата на шампионите ги заврши во осмина-финалето, во првенството се на седмата позиција со 47 бода. Лошите резултати и пред се атмосферата во тимот резултираа со отказот на тренерот Еузебио Ди Франческо, а клубот исто така го напушти и спортскиот директор Мончи.

Рома има шанси да дојде до четвртата позиција на табелата, но исто може да остане и без пласман во европските купови за наредната сезона.

Клубот се подготвува за летниот преоден рок, а главниот збор околу трансферите ќе го има Франческо Тоти.

Според италијанските медиуми веќе било познато кои играчи ќе го напуштата клубот. Листата ја предводи Един Џеко, кој го предизвика инцидентот со Ел Шарави на полувремето на натпреварот против СПАЛ.

Покрај Џеко од клубот ќе заминат Стивен Нзонзи, голманот Робин Олсен, Патрик Шик, Диего Пероти, Александар Коларов и Федерико Фацио.

Исто така, доколку во клубот пристигне добра понуда, тогаш ќе биде продаден и Ченгиз Ундер.

Познато е дека Алесандро Флоренци ќе ја добие капитенската лента, а доколку Даниеле Де Роси стави крај на кариерата тој веднаш ќе му се приклучи на Тоти и ќе добие некоја директорска функција.

Scroll to Top