Синот на седумкратниот Ф1 шампион, Мик Шумахер (Према Пауертим) е крунисан за шампион во Формула 3 на една трка пред крајот откако беше втор на втората трка во Хокенхајм, каде што Јури Випс лесно стигна до победата.
Мик го започна викендот со 49 поени предност пред најблискиот ривал, Ден Тиктам, возачот со поддршка на Ред бул, и требаше да не загуби 15 поени од него за да ја освои титулата. Бидејќи Германецот беше втор на стартот, а Тиктам на 15. место, само инцидент можеше да го спречи тинејџерот да стигне до трофејот.
19-годишниот Мик беше во сензационална форма во втората половина од шампионатот и има осум победи во текот на сезоната за да има совршено испраќање од Ф3, бидејќи сите очекувања се дека следната сезона ќе вози во Формула 2, последниот чекор пред Формула 1. Ова е реприза на првиот успех на неговиот татко, бидејќи Михаел беше Ф3 шампион во 1990 година.
.@SchumacherMick is the 2018 @fiaf3europe CHAMPION !!!!!!! ???????? pic.twitter.com/16MhKhgOf6
— PREMA (@PREMA_Team) October 13, 2018