Top Sport

Мик Шумахер ќе тестира за Ферари и Алфа Ромео?

Според „Ауто билд“, синот на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, Мик ќе тестира со Ферари и со Алфа Ромео по крајот на Бахреин ГП трката следната недела, што ќе биде негова прва шанса за Ф1 искуство и тоа со тимот кој го направи славен неговиот татко.

Според шпекулациите, Мик, кој оваа година ќе настапува во Ф2 шампионатот, ќе добие шанса за тестирање со Алфа Ромео во средата по трката, но „Аутоспорт“ вели дека и главниот тим на Ферари сака да го види младиот Германец во нивниот болид, откако лани го внесоа во нивната возачка академија.

20-годишниот Мик Шумахер веќе влезе во Ф1 болид, но тоа не беше модерна Ф1 машина, туку Бенетонот на неговиот татко од 1994 година пред две години. Тој ќе дебитира во Ф2 трката во Бахреин во сабота.

Scroll to Top