Top Sport

Пирло: Роналдо и Јуве физички ќе го „уништат“ Ајакс

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло смета дека Кристијано Роналдо и Јувентус „физички ќе го уништат“ Ајакс во двомечот од Лигата на шампионите и дека мотивацијата во Торино е на највисоко ниво.

Јуве го донесоа петкратниот освојувач на ЛШ минатото лето со надеж дека ќе ја прекинат „сушата“ во европските натпреварувања, и Португалецот ги донесе до четврт-финале со фантастичен хет-трик против Атлетико Мадрид. Следни се Ајакс, кои ги соборија Реал Мадрид со млад и динамичен тим, кој ќе биде вистински тест за Јуве. Но, Пирло, вели дека во дуелот има само еден фаворит.

„Целта на Јувентус е Европа. Менталитетот е сменет, а Роналдо реши да се смени на 33 години, што значи дека уште има голема мотивација. Во една сезона секогаш има момент на пресврт, совршен меч кој ја менува сезоната. Мислам дека Јувентус има добра ждрепка и дека физички ќе го уништи Ајакс. Ајакс можеби го победи Реал, но тие беа неорганизирани како никогаш претходно. Тоа нема да се случи со Јуве“,  вели Пирло во интервју за „Газета дело спорт“.

Scroll to Top