Top Sport

Мик Шумахер со емотивна роденденска порака за својот татко

Возачот на Алфа Ромео, и од неодамна резервен возач на Ферари, Мик Шумахер прати емотивна роденденска порака до својот татко, легендарниот Михаел Шумахер, кој уште не е опоравен од страшната скијачка несреќа од пред осум години.

Легендата на Ферари, Михаел денеска наполни 53 години.

„Среќен роденден, тато. Вакви денови беа важни за мојата голема страст за моторспортот и уште влијаат на мене до овој ден. Благодарен сум ти на сите искуства кои ми ги даде и возбуден сум што ќе направам нови во иднина“, напиша Мик на социјалните мрежи.

Scroll to Top