Шампионот во Формула 3, членот на младинската академија на Ферари, Мик Шумахер прокоментира пред новинари дека не се плаши од споредбите меѓу него и неговиот татко – седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Михаел Шумахер.
„Споредбите со татко ми никогаш не биле проблем за мене. Ме споредувате со најдобриот пилот во историјата на Формула 1. Тој ми е татко и идол, споредбите со него ме тераат само да продолжам да учам и да се трудам да се развивам“ – изјавил помладиот Шумахер.
Тој смета дека преминот од Формула 3 во Формула 2 и не е толку сложен процес.
„Главните тешкотии доаѓаат од тоа што треба да научиш како да ги користиш гумите и како тие функционираат“ – изјави тој.