Top Sport

Мик Шумахер: Споредбите со татко ми не се проблем, ме споредувате со најдобриот

Шампионот во Формула 3, членот на младинската академија на Ферари, Мик Шумахер прокоментира пред новинари дека не се плаши од споредбите меѓу него и неговиот татко – седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Михаел Шумахер.

„Споредбите со татко ми никогаш не биле проблем за мене. Ме споредувате со најдобриот пилот во историјата на Формула 1. Тој ми е татко и идол, споредбите со него ме тераат само да продолжам да учам и да се трудам да се развивам“ – изјавил помладиот Шумахер.

Тој смета дека преминот од Формула 3 во Формула 2 и не е толку сложен процес.

„Главните тешкотии доаѓаат од тоа што треба да научиш како да ги користиш гумите и како тие функционираат“ – изјави тој.

Scroll to Top