Top Sport

Мир со првата победа на чекор од Мото ГП титулата

Шпанецот Жоан Мир на Сузуки стигна до својата прва победа во кариерата на Европското ГП во Валенсија, за на две трки пред крајот на сезоната да биде на чекор од тоа да стане сензационален шампион во лудата сезона 2020.

Мир го помина својот клупски колега Алекс Ринс, за Сузуки да стигне до импресивна 1-2 победа на само две трки пред крајот на сезоната да има 162 поени во генерален пласман, пред Ринс и Фабио Квартараро со 125 и Маверик Вињалес со 121 поени. За освојување има уште само 50 поени од уште две трки на „Рикардо Тормо“ во Валенсија.

Ова значи дека во непредвидливата сезона Мир, кој има неверојатна постојаност оваа сезона, со трето место следниот викенд ќе стане шампион.

Scroll to Top