Top Sport

Лацио се претплатени на драми – Каиседо пак ги спаси од пораз од Јуве во 95. минута

Околу Лацио во последните денови имаше многу приказни околу нивното можно исфрлање од Серија А поради прекршување на КОВИД-протоколите, но „орлите“ уште еднаш покажаа дека се подготвени за борба до крај, стигнувајќи до 1:1 реми со Јувентус со гол во 95. минута.

Кристијано Роналдо ја продолжи одличната форма по оздравувањето од КОВИД-19, постигнувајќи го единствениот гол за 1:0 водство уште во 15. минута, кога Хуан Квадрадо му даде совршена топка, и овој резултат беше актуелен до 95. минута, кога „џокерот“ Фелипе Каиседо постигна убав гол за 1:1.

Каиседо претходно беше херој на „бјанкочелестите“ на гостувањето во Торино, кога Лацио губеа со 3:2 до 93. минута, за да стигнат до 4:3 победа. Со поенот Лацио е на 9. место на табелата со 11 поени, додека Јуве се трети со 13 поени, три помалку од лидерот Милан, кој има и натпревар помалку.

Scroll to Top