Top Sport

Младата Ф1 ѕвезда дојде на „Вембли“ да навива за Англија – остана без часовникот

Фудбалското финале на „Вембли“ меѓу Италија и Англија беше бурно. Околу 2.500 навивачи без влезници го пробија полицискиот кордон и се обидоа да влезат на стадионот за да го гледаат финалниот натпревар на ЕУРО 2020.

Во сиот тој метеж на стадионот се нашол и Формула 1 пилотот, младата англиска ѕвезда, Ландо Норис. Нему му бил украден часовникот.

Навивачите го забележале Норис додека влегувал, додека еден од нив го задржал, другиот од раката му го симнал часовникот марка „Ришар Мил“ вреден најмалку 50.000 евра.

„Еден го држеше Ландо, а другиот за секунда му го симна часовникот. Делуваше потресено. Обезбедувањето имаше кошмарна ноќ“ изјавил за „Сан“ очевидец на настанот.

Во меѓувреме од неговиот тим – Мекларен го потврдија инцидентот, и соопштија дека Ландо не е повреден, но е видно потресен.

Случајот е пријавен во полиција.

Scroll to Top