Top Sport

Монца ќе потроши 100 милиони евра на реновирање на патеката!

Легендарната патека Монца, домот на Италијанското ГП, најавува големи промени на патеката за прославата на 100-годишнината во 2022 година, јавуваат италијанските медиуми.

Монца со прекар „Храм на брзината“ поради долгите рамни делови и брзите кривини, поднела предлог за отстранување на една од шиканите, најверојатно Варијанте дела Роџа, како и менување на втората Лесмо кривина за патеката да биде уште побрза.

Меѓу другите предложѓени промени е менување на дел од патеката за да се задоволи барањето на ФИА од 12 метри, изградба на нови пристапни патишта до патеката, една нова трибина и реновирање на старата банкина, која не се користи.

Патеката е изградена во далечната 1922 година, но има договор со Ф1 за одржување на трка само до 2020 година, и се верува дека со ова реновирање ќе си ги зголеми шансите за останување на календарот.

Претседателот на Италијанската автомобилистичка федерација (АЦИ), Анџело Стики Дамјани вели дека сумата за реновирање ќе достигне 100 милиои евра, и дека ќе се бара поддршка од локалните и од државните власти.

„Ќе најдеме пари на некој начин. Договорот со Ф1 завршува за две години и кога ќе бараме нов договор, мора да ја оправдаме инвестицијата“, вели Стики Дамјани.

Scroll to Top