Top Sport

Тајсон бил „надуван“ кога го нокаутирал Ендру Голота! (видео)

Легендарниот Мајк Тајсон признава дека пушел многу марихуана пред мечот со Ендру Голота во 2000 година, и тоа очигледно не му претставувало проблем бидејќи го нокаутираше Американецот со полско потекло за само две рунди.

„Челичниот“ доминираше во двете рунди, и му ја скрши јаболчната коска на противникот, кој потоа не излезе во рингот на стартот на третата рунда. Тајсон потоа веднаш беше позитивен на марихуана и мечот беше прогласен за неважечки.

„Само еднаш користев кога боксував. Кога влегов во рингот против Голота, тогаш имав испушено многу марихуана. Но, тоа не влијаеше на мене, туку на Голота. Ме казнија неколку стотина долари и тоа е тоа“, вели Тајсон.

Американецот оваа година влезе во бизнисот со канабис, отварајќи фарма во Калифорнија.

Мајк Тајсон влегува во бизнисот со канабис

Scroll to Top