Top Sport

Монца со сигурна иднина во Формула 1 барем до 2024 година

Италијанското ГП во Монца, домашната трка на Ферари и една од „класичните“ и најпосакуваните трки во спортот ќе остане на календарот барем уште пет години откако беше потпишано продолжување на договорот пред оддржувањето на трката.

Формалното потпишување беше направено пред група на навивачи на Ферари во центарот на Милано на церемонија на која се одбележува 90-тото издание на трката и 90-годишнината на италијанскиот тим.

„Ние сме пресреќни! Монца е една од трките кои не дефинираат како спорт, наша икона. На италијанските фанови им нема рамни“, изјави претседателот на Ф1, Чејс Кери.

Дека Монца има договор се шпекулираше уште во април, но договорот не беше потпишан. Италија и Велика Британија се единствените земји кои имале трки секоја година од стартот на Светскиот шампионат во 1950 година.

Следната сезона на календарот ќе има 22 трки, со дебито на Виетнамското ГП и со враќањето на Холандското ГП во Зандворт, но првпат по подолго време нема да има Германско ГП.

Scroll to Top