Top Sport

Монтоја се врати во Мекларен, ќе оди по победа на Инди 500

Поранешниот Ф1 возач, колумбискиот ветеран Хуан Пабло Монтоја ќе се врати во тимот на Ероу Мекларен во обид да стигне до хет-трик на славната Индијанаполис 500 трка, потврди тимот.

Монтоја, кој победи на Инди 500 во 2000 и 2015 година, минатата година стигна до деветтото место со болидотн а Мекларен.

„Хуан Пабло е вистинска институција во моторспортот, со две победи на Индијанаполис 500 и со многу победи за Мекларен во Формула 1. Со неговото искуство можеме да стигнеме до победа“, изјави шефот на Мекларен, Зек Браун.

46-годишниот Монтоја во својата долга кариера победувал во трки во Ф1, Индикар и НАСКАР, и е на само една победа од „тројната круна во мотоспортот“ – победи на Монако ГП трката во Ф1, Индијанаполис 500 и 24 Часа Ле Ман. Тој победи во Монако во 2003 година, а во трките на издржливост има три победи на 24 Часа Дејтона, но не и во Ле Ман.

Индијанаполис 500 трката се оддржува на 29 мај.

Scroll to Top