Top Sport

Газдите на Интер ќе мораат да платат 157 милиони фунти на Премиерлигата!

Газдите на Интер, кинеската „Сунинг групација“ ќе мора да исплатат фантастични 157 милиони фунти на Премиерлигата по спорот околу ТВ-правата на најбогатата фудбалска лига на светот.

„Сунинг“ се сопственици на „ППТВ“, кинеска ТВ-мрежа која во 2016 доби тригодишен договор за да ги објавува на стриминг сите 380 натпревари од ПЛ од 2019 до 2022, откако платија 12 пати повеќе во наддавањето од претходниот сопственик „Супер спортс медија“.

Меѓутоа, „ППТВ“ не ја исплатиле првата рата од 257 милиони фунти и втората од 160 милиони фунти поради финансиски проблеми, по што им беше раскинат договорот во септември 2020 и Премиерлигата ги тужеше, спор кој сега го доби.

„Сунинг“ имаа големи финансиски проблеми поради пандемијата на КОВИД-19 и минатиот март го „распуштија“ својот фудбалски клуб од Кинеската Суперлига, Џијангсу ФЦ, откако ја освоија титулата. Финансиите исто така беа зад продажбата на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими од Интер минатото лето. Кинеската групација подолго време преговара за продажба на Интер, иако засега нема конкретни понуди.

Scroll to Top