Top Sport

Мото ГП ќе се вози во Казахстан

Казахстан од следната година ќе биде домаќин на една трка во Мото ГП шампионатот.

Дорна спорт потпиша петгодишен договор со претставниците на Казахстан. Натпреварите ќе се одржат на новата „Сокол меѓународна тркачка патека“, која се наоѓа во близина на Алмати, најголемиот град во Казахстан.

Така, поранешната советска република ќе стане 30. земја која од нејзиното основање во 1949 година ќе биде домаќин на најдобрите мотоциклисти на денешницата.

Се очекува Индија наскоро да влезе во календарот на шампионатот во Мото ГП, со што овој спорт уште повеќе би добил на популарноста.

Scroll to Top