Top Sport

Манчини: Само да помине декември

Италијанскиот селектор Роберто Манчини и покрај победата во Будимпешта, над Унгарија (2:0), не беше задоволен од изданието на неговите избраници. Италија со оваа победа обезбеди пласман на завршниот турнир во А-дивизијата, во Лигата на нации.

„Не ми се допадна како ги игравме во последните 20 минути“, изјави Манчини и додаде дека изгубиле контрола по 70 минути добра игра.

Иако стигнаа до завршниот турнир, Манчини сепак жали што Италија ќе го пропушти Светското првенство во Катар кое се игра во ноември и декември годинава.

„Важно е што влеговме на фајнл-фор втор пат по ред. За жал, не можеме да побегнеме од фактот дека не сме на Мундијалот. Само да го пребродиме декември, се ќе биде полесно после тоа“, рече Манчини.

Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се игра во Холандија, во јуни следната година.

Scroll to Top