Top Sport

Мото ГП сезоната ќе започне во Херез?

Првата трка оваа сезона во Мото ГП шампионатот би можела да се вози во Херез, но не во терминот кој е предвиден за Големата награда на Шпанија, туку на 19 јули.

Сезоните во шампионатите Мото2 и Мото3 веќе започнаа во Катар. По Големата награда на Катар на која не се возеше трката во кралската класа беше прекината сезоната поради коронавирусот.

Засега нема информации кога би можела да продолжи сезоната. Единствено е сигурно дека таа може да започне најдоцна во јули.

„Спидвик“ тврди дека челниците на Мото ГП (Дорна) сериозно ја разгледуваат опцијата сезоната да започне на 19 јули на патеката „Анхел Нијето“ во Херез. Оваа опција се разгледува бидејќи најголем дел од тимовите се наоѓа во близина на Херез, во Леида.

Доколку овој план биде реализиран тогаш по Херз би се возеле трките во Чешка (9 август) и Австрија (16 август).

Scroll to Top