Top Sport

Роналдо бил опседнат со рекордот на Пеле

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Гери Невил тврди дека Кристијано има опсесија да постигне најмногу голови во историјата на фудбалот. На патот на Португалецот стои според многумина најдобриот во историјата на фудбалот, Пеле.

Пеле на 694 официјални натпревари постигнал 650 голови и во моментов е лидер на вечната листа. Роналдо постигнал 24 гола помалку од Пеле, а одиграл 838 натпревари.

„Опседнат е со тоа. Да постигне што е можно повеќе голови, да тренира секој ден за да остане во добра форма. Верувам дека со годините стана и поголем професионалец. Не се сомневам дека сака да игра до 40 година. Планот му е да го собори рекордот на пеле“, рекол Невил за „Скај Спортс“.

„Сака да биде најдобриот во историјата, тоа е неговата цел. Поради тоа неговите клубови мора да бидат на потребното ниво, мора да бидат секогаш во конкуренција за освојување на трофеи“, дополнил Невил.

Крситијано Роналдо во кариерата играл за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал и Јувентус.

Scroll to Top