Поранешниот светски шампион, Џенсон Батон мисли дека остнал една година премногу во Формула 1, поради што подолго време не можел да ја врати љубовта кон тркањето.
Меѓутоа, неодамнешното учество во трката на издржливост „1.000 километри Сузука“, го вратила ентузијазмот за спортот и тој планира во 2018 година да се врати во некоја тркачка серија. Батон оваа година возеше на Монако ГП трката како замена за Фернандо Алонсо во тимот на Мекларен, кој настапуваше на Индијанаполис 500.
„Прекрасно е да си надвор од спортот, поминав една година во Америка и тоа ми ја исчисти главата. Ми беше потребно да размислам што се случи. Трката во Монако беше тука, но Формула 1 не ми недостига. Ми недостига тркањето. Можеби останав една година предолго во спортот и поради тоа малку ја загубив љубовта“, изјави 37-годишниот Батон, кој ја освои титулата во 2009 година со тимот на Браун ГП.