Сопругата на Михаел Шумахер, Корина даде ретко јавно објавување за здравствената состојба на легендарниот освојувач на седум Ф1 титули на шестгодишнината од несреќата на скијање.
Шуми не е виден во јавноста по скијачката несреќа во 2014 во која доби сериозни повреди на главата и беше во кома, бидејќи неговото семејство посебно внимателно се грижи да нема никакви информации за неговата состојба.
Но, преку фан-клубот на Шумахер од неговото родно место Керпен, Корина Шумахер даде новости за неговата состојба, велејќи дека „големите работи почнуваат со мали чекори“.
„Големите работи почнуваат со мали чекори. Многу мали делчиња создаваат огромен мозаик. Заедно сте посилни и токму со таа здружена сила на ’KeepFighting’ движењето прави охрабрувањето на другите да биде полесно“, изјавила Корина за фан-клубот.
Претседателот на клубот, Рајнер Ферлинг изјави надеж дека Шумахер наскоро ќе го видиме во јавноста.
„За жал, повторно доаѓа тоа време од годината, шестата годишнина од нереќата на Михаел. Шест години полни со надеж дека Михаел еден ден ќе излезе во јавноста повторно. Знаеме дека Михаел е во добри раце, дека добива љубов, сигурност и доверба. Има среќа што има силно семејство зад себе“, изјави Ферлинг.