Top Sport


Надеж за Ферари! Леклер и Фетел пред сите на тренинзите во Спа

Шарл Леклер го предводеше Себастијан Фетел за Ферари да имаат 1-2 на вториот тренинг пред Белгиското ГП во Спа овој викенд, откако претходно во текот на денот, Фетел беше најбрз во првата сесија, покажувајќи дека летната пауза е искористена продуктивно во Маранело.

Леклер постави најдобар круг од 1:44.123, за дури 0.630 секунди пред неговиот клупски колега, а Валтери Ботас повторно беше најбрз за Мерцедес, со повеќе од 0.8 секунди заостанување, додека четврт беше Хамилтон.

Ред бул по силната прва половина од сезоната, се мачеа да постигнат најдобра брзина на класичната патека во Спа, откако Макс Ферстапен заврши на шестото место со повеќе од секунда зад Леклер, додека неговиот нов колега, Александер Албон беше само 10.

Scroll to Top